Фонетика и фонологија (Fonetika dhe Fonologjia)

Фонетика и Фонологија – Fonetika dhe Fonologjia

Фонетиката и фонологијата се два дела на науката за јазикот кои ја проучуваат гласовната страна на човековиот јазик. Фонетиката го проучува создавањето на гласовите со говорните органи и нивните звучни својства, додека фонологијата го проучува гласот само како носител на функција. (Fonetika dhe fonologjia janë dy degë të gjuhësisë që studiojnë anën tingullore të të folurit të njeriut. Fonetika merret me studimin e anës fiziologjike dhe akustike të ligjërimit, ndërsa fonologjia i studion mjetet tingullore të gjuhës nga pikëpamja e funksionit të tyre).

Кога гласот како најмала јазична единица се разгледува од неговата материјална односно звуковна страна се употребува терминот глас (tingull), а кога гласот се разгледува од страна на неговата функција се употребува терминот фонема (fonemë). Пример: ко/с/а, ко/л/а, ко/ж/а, ко/р/а, ко/з. Во наведените примери се гледа дека само со промена на еден глас добиваме друг збор со сосема друго значење, иако другите гласови остануваат исти. Значи, гласовите сами по себе немаат значење, но нивната промена во зборот придонесува и за промена на значењето на зборот. Кога го разгледуваме гласот како носител на оваа негова разликувачка функција го нарекуваме фонема. Во погорните примери фонемата /с/ му дава друго значење на првиот збор во споредба со другите зборови каде што ги имаме фонемите /л/, /ж/, /р/ и /з/ на истото место во гласовната низа.  Сите овие зборови се разликуваат еден од друг само со по една фонема. (Kur tingulli/zëri si njësi më e vogël e gjuhës shqyrtohet nga ana materiale e të folurit, përdoret termi tingull, ndërsa kur tingulli/zëri shqyrtohet nga pikëpamja e funksionit të tij, përdoret termi fonemë. Për shembull: ко/с/а, ко/л/а, ко/ж/а, ко/р/а, ко/з/а. Nga këta shembuj mund të shohim se vetëm duke ndryshuar një tingull krijohet një fjalë tjetër (kuptohet edhe me kuptim tjetër), edhe pse tingujt e tjerë mbeten të njëjtë. Pra, vetë tingujt/zërat nuk kanë kuptim, por ndryshimi i tyre në një fjalë, bën që fjala të ndryshojë kuptimin e vet. Kur tingullin e vështrojmë nga pikëpamja e funksionimit të tij, pra si bartës të këtij funksioni të veçantë, e quajmë fonemë. Në shembujt e mësipërm, fonema /с/ fjalës së parë i jep një kuptim tjetër në krahasim me fjalët e tjera kur e njëjta zëvendësohet me fonemat /л/, /ж/, /р/ dhe /з/ në të njëjtin vend. Të gjitha këto fjalë ndryshojnë njëra prej tjetrës, e kjo ndodh vetëm nga një fonemë).

Бројот на фонемите во различни јазици е различен. (Tërësia e numrit të fonemave të gjuhëve është e ndryshme)

Македонскиот стандарден јазик има 31 фонема, а албанскиот стандарден јазик има 36 фонеми. Сите фонеми што ги има во македонскиот јазик ги има и во албанскиот и не се разликуваат по начинот на изговор. (Gjuha standarde maqedonase ka 31 fonema, ndërsa gjuha standarde shqipe ka 36 fonema. Të gjitha fonemat që i ka gjuha maqedonase, të njëjtat janë edhe në gjuhën shqipe dhe të njëjtat s’ndryshojnë nga mënyra e artikulimit).

Секоја фонема има и свој знак што се вика буква. Множеството букви во македонскиот јазик се вика АЗБУКА,  додека  во албанскиот – АЛФАБЕТ. (Çdo fonemë ka shenjën e vet e cila quhet shkronjë. Tërësia e shkronjave të gjuhës maqedonase quhet  ALFABET/АЗБУКА, ndërsa në shqip – ALBABET).

Азбука на македонскиот стандарден јазик – Alfabeti i gjuhës standarde maqedonase

Азбуката на македонскиот стандарден јазик има 31 буква, онолку колку што има и фонеми. Секој глас во македонскиот јазик се пишува само со една буква. (ABC-ja e gjuhës standarde maqedonase ka 31 shkronja, po aq, edhe fonema. Çdo tingull/zë në gjuhën maqedonase është shkruar me vetëm një shkronjë).

ТАБЕЛА НА АЗБУКАТА НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК
(PASQYRA E ALFABETIT TË GJUHËS STANDARDE MAQEDONASE)

Голема и мала буква
(Shkronja e madhe dhe e vogël)
Именување на албански
(Emërtimi përkatës shqip)
Артикулација
(Shqiptimi)
А а A a a
Б б B b
В в V v
Г г G g
Д д D d
Ѓ ѓ Gj gj gjë
Е е E e e
Ж ж ZH zh zhë
З з Z z
Ѕ ѕ X x
И и I i i
Ј ј J j
К к K k
Л л LL ll llë
Љ љ L l
М м M m
Н н N n
Њ њ NJ nj një
О о O o o
П п P p
Р р R r
С с S s
Т т T t
Ќ ќ Q q
У у U u u
Ф ф F f
Х х H h
Ц ц C c
Ч ч Ç ç çë
Џ џ XH xh xhë
Ш ш SH sh shë
Поделба на гласовите – Ndarja e tingujve

Македонскиот стандарден јазик има: 5 самогласки: (а, е, и, о, у) и 26 согласки: (б, в, г, д, ѓ, ж, з, ѕ, ј, к, л, љ, м, н, њ, п, р, с, т, ќ, ф, х, ц, ч, џ, ш). Оваа поделба се прави врз основа на присуство или отсуство на пречка при движењето на воздушната струја во говорните органи. (Gjuha standarde maqedonase ka: 5 zanore (а, е, и, о, у) dhe 26 bashkëtingëllore (б, в, г, д, ѓ, ж, з, ѕ, ј, к, л, љ, м, н, њ, п, р, с, т, ќ, ф, х, ц, ч, џ, ш). Kjo ndarje bëhet në bazë të pengesës, përkatësisht jopengesës së tonit laringal nëpër laring/organet e të folurit).

Самогласки – Zanoret

Петте самогласки во македонскиот стандарден јазик според местото на образување се делат во неколку подгрупи и тоа: (Sipas vendit të formimit, pesë zanoret e gjuhës standarde maqedonase, klasifikohen në disa nëngrupe):

– според движењето на јазикот напред–назад (sipas lëvizjes së gjuhës para-prapa): предни – të përparme (е, и), средно – e mesme (а) и задни – të prapme (о, у);
– според издигањето на јазикот (sipas ngritjes së gjuhës): високи – të larta (и, у), средни – të mesme (е, о) и ниско – e ulët (а);
– според положбата на усните (sipas pozitës/pjesëmarjes së buzëve): заокружени – buzore (о, у) и
незаокружени – jobuzore (е, и, а) [1].

според движењето на јазикот напред-назад[2]
според висината на јазикот (sipas ngritjes së gjuhës) предни [3] средни [4] задни [5]
високи – të larta И У
средни – të mesme Е О
ниски – e ulët А
незаокружени jobuzore заокружени [6]
според положбата на усните[7]

Посебна карактеристика на македонскиот стандарден јазик претставува слоготворната функција на гласот /р/. Како што ќе покажеме во долунаведениве примери, слабиот придружен полуглас на слоговното /р/ некаде се означува со правописен знак апостроф (’), а некаде не. (Si tipar dallues i gjuhës standarde maqedonase paraqet funksioni i sonores dridhëse / r /. Siç do të tregojmë në shembujt e mëposhtëm, kjo bashkëtingëllore, pra r-ja në disa raste shënohet/zëvendësohet me shenjën drejtshkrimore të apostrofit (‘).

Кога гласот /р/ е со слоготворна функција? (Në ç’raste r-ja del në funksion të rrekjes së hapur?)

a) Ако се наоѓа помеѓу две согласки (Kur është mes dy bashkëtingëlloreve): дрво (dru), трн (gjemb), прст (gisht), срце (zemër), крв (gjak);
б) ако е на почетокот на зборот пред согласка, како на пр (kur ndodhet në fillim të fjalës dhe përpara një bashkëtingëlloreje, p.sh.).: ’рбет (kurriz), ’рвеник (bunar), ’рж (thekër), ’ржи (hingëllin), ’рти (mbin), ’рчи (gërhat); и
в)  ако е во состав на збор со префикс што завршува на самогласка(kur është pjesë e një fjale e cila në fund k anjë zanore): за’рти, за’ржи.

( Ваква јазична појава  во албанскиот јазик би се напишала со самогласката (ë) (në gjuhën shqipe, kjo dukuri, do të shkruhej me zanoren –ë): ërbet (’рбет), ërvenik (’рвеник), ërzh (’рж), ërzhi (’ржи), zaërti (за’рти) и др.- etj.)

[1] Табелите дадени во фонетскиот дел и кај заменките се преземени од Македонски јазик за средното образование  од Бојковска, Минова-Ѓуркова, Пандев и Цветковски (в. користена литература). Tabelat e dhëna te pjesa e fonetikës dhe te përemrat janë marrë prej librit ,,Gjuha maqedonase për shkollat e mesme” të Bojkovska, Minova-Gjurkova, Pandev i Cvetkovski (shih te literatura e shfrytëzuar).
[2] (sipas lëvizjes së gjuhës para-prapa).
[3] të përparme.
[4] të mesme.
[5] të prapme.
[6] buzore.
[7] sipas pozitës/pjesëmarjes së buzëve.

Согласки (консонанти) – Bashkëtingëlloret

Во македонскиот стандарден јазик има 26 согласки (Gjuha standarde maqedonase ka 26 bashkëtingëllore): б, в, г, д, ѓ, ж, з, ѕ, ј, к, л, љ, м, н, њ, п, р, с, т, ќ, ф, х, ц, ч, џ, ш.
Тие се делат во неколку подгрупи според неколку критериуми (Sipas disa kritereve, ato ndahen në disa nëngrupe):

– според местото на образување (sipas vendit të formimit);
– според начинот на образување (sipas mënyrës së formimit); и
– според звучноста (sipas sonoritetit).

Според местото на образување се делат на (Sipas vendit të formimit ndahen në):

А) уснени (buzore ose labijale): б, п, м, в, ф;
Б) забновенечни (alveo-dentale): д, т, л, н ,с, з, ц, ѕ;
В) венечни (alveolare): ж, ш, џ, ч, љ; р;
Г) тврдонепчени (palatale):  ѓ, ќ, ј, њ;
Д) меконепчени (grykore ose velare): к, г, х.

Според начинот  на образувањето се делат на (Sipas mënyrës së formimit ndahen në):

А) преградни или избувливи (okluzive): п, б, м, т, д, н, њ, к, г;
Б) теснински или струјни (frikative ose shtegore): с, з, ш, ж, ф, в, л, љ, ј, р, х;
В) преградно – тесниски (afrikate): ч, џ, ѕ, ц, ќ, ѓ.

Според треперењето или мирувањето на гласните жици, се прави следната класификација на согласките по звучност во македонскиот стандарден јазик

(sipas zëshmërisë-sonoritetit, në gjuhën standarde maqedonase bëhet ky klasifikim):

А) звучни (të zëshme): б, в, г, д, ѓ, ж, з, ѕ, џ;
Б) безвучни (të pazëshme): п, ф, к, т, ќ, ш, с, ц, ч, х;
В) сонанти (sonante): р, л, љ, м, н, њ, ј.

според начинот на образувањето
Sipas mënyrës së formimit
уснени buzore забно-венечни alveo-dentale венечни alveolare тврдо-непчени palatale меко-непчени grykore
преградни okluzive Б П М Д Т Н Њ Г К
теснински shtegore В Ф З С Л Ж Ш Љ Р Ј Х
преградно-теснински afrikate Ѕ  Ц Џ  Ч Ќ  Ѓ
според местото на образувањето Sipas vendit të formimit

според звучноста – sipas sonoritetit

звучни të zëshme Б В Г Д Ѓ Ж З Ѕ Џ
безвучни
të pazëshme
П Ф К Т Ќ Ш С Ц Ч Х
сонанти sonante Р Л Љ М Н Њ Ј

Од погорнава табела се гледа дека секоја звучна самогласка има свој безвучен парник. Согласката (х), како безвучна нема свој парник (Nga tabela e mësipërme mund të shohim se secila bashkëtingëllore e zëshme ka çiftin e vet të pazëshëm. Bashkëtingëllorja (h) mbetet jashtë këtij korrelacioni, sepse nuk ka gjegjëse të zëshme).

Звучните и безвучните согласки се едначат по звучност кога ќе се најдат во непосреден допир. Едначењето се врши според втората согласка. (Ky korrelacioni i bashkëtingëlloreve, kur ndodhen afër njëra-tjetrës, barazohen sipas zëshmërisë (të zëshme dhe të pazëshme). Kjo ndodh sipas bashkëtingëllores së dytë)

Звучните согласки пред безвучните се менуваат во безвучни. Тоа наоѓа одраз и во македонскиот Правопис. На пример:(Kur bashkëtingëlloret e zëshme ndodhen para të pazëshmeve, bëhet të pazëshme. E kjo reflektohet edhe në drejtshkrimin e maqedonishtes. P.sh:)

б ➜ п:             врабец ➜ врапче, риба ➜ рипче;
г ➜ к:              рог ➜ рокче;
д ➜ т:              сладок ➜ слатка, редок ➜ ретка;
ж ➜ ш:           жежок ➜ жешка, мажот ➜ машки, бележи ➜ белешка
з ➜ с:              близок ➜ блиска, низок ➜ ниска;

Безвучните согласки пред звучните преоѓаат во звучни (Bashkëtingëlloret e pazëshme para të zëshmëve, kalojnë në të zëshme):

т ➜ д:             сват ➜ свадба
к ➜ г:             Велик ден ➜ Велигден
с ➜ з:             гостин ➜ гозба

Акцент – Theksi

Во македонскиот стандарден јазик акцентот е динамичен (експираторен). Во самостојните зборови тој е определен (фиксиран) на третиот слог од крајот на зборот кај трисложните и повеќесложните зборови и зборовни форми (пр. многубрóјните). (Në gjuhën standarde maqedonase theksi është dinamik. Ai, pra theksi është i përcaktuar dhe bie në rrokjen e tretë nga fundi i fjalës, njashtu edhe te fjalët me tri e më tepër rrokje si edhe te fjalëformimet (p.sh: многубрóјните).

Двосложните зборови и зборовни форми имаат акцент на вториот слог од крајот на зборот (односно на првиот слог од почетокот): сéло, чéло, ќéрка и др. (Te fjalët dyrrokëshe dhe te fjalëformimet, theksi bie në rrokjen e dytë nga fundi i fjalës (përkatësisht në rrokjen e parë nga fillimi i fjalës): сéло, чéло, ќéрка etj.)

Кај едносложните зборови акцентот е на единствениот слог. (Te fjalët njërrokëshe, theksi bie në rrokjen e vetme të fjalës.)

Акцентски целости образуваме кога повеќе зборови во една зборовна низа ги изговараме под еден акцент (еден збор е носител на акцентот, а тој заедно со другите зборови прави зборовна група кај којашто акцентот паѓа на третиот слог од крајот). Пр. сувó͜͜грозје (изговори: сувóгрозје), пéтдена, сóнего, бéзтебе, кажéтему. (Njësi theksore, ose siç thuhet ndryshe, një fjalë fonetike që formohet me bashkimin e më shumë fjalëve, shqiptohen me një theks të vetëm, d.m.th. formojnë një njësi theksore (në njërën fjalë bie theksi i cili së bashku me fjalët e tjera formon njësi theksore tek e cila theksi bie në rrokjen e tretë nga fundi i fjalës) P.sh.: сувó͜͜грозје (shqiptohet: сувóгрозје), пéтдена, сóнего, бéзтебе, кажéтему.

Морфологија (Morfologjia)

Видови зборови – Pjesët e ligjëratës

Морфологијата ги проучува формите на зборовите, правилата за нивното градење и нивните граматички значења. (Morfologjia merret me studimin e formave të fjalëve, rregullat e formimit dhe kategoritë gramatikore të tyre.)

Во македонскиот јазик, во зависност од тоа дали зборовите се менуваат во исказот/реченицата, постојат два вида: менливи и неменливи. (Në gjuhën maqedonase, varësisht nga ndryshimet/mosndryshimet e fjalëve në fjali, dallojmë: fjalë të ndryshueshme dhe të pandryshueshme.)

Менливи зборови се: именки, придавки, броеви, заменки и глаголи. (Fjalë të ndryshueshme janë: emrat, mbiemrat, numërorët, përemrat dhe foljet.)

Неменливи зборови се: прилози, предлози, сврзници, честички, извици и модални зборови. (Fjalë të pandryshueshme janë: ndajfoljet, parafjalët, lidhëzat, pjesëzat, pasthirrmat dhe fjalët modale.)

Именки – Emrat

Зборовите што означуваат име на суштества, предмети или на нешто што го чувствуваме или замислуваме се нарекуваат именки. (Fjalët që emërtojnë një qenie, një send apo diçka që e përjetojmë ose e imagjinojmë, quhen emra.)

На пример (Për shembull): куќа (shtëpi), жаба (bretkosë), здравје (shëndet), дете (fëmijë) и др.

Оние именки што означуваат сопствени имиња на конкретни суштества или предмети се нарекуваат сопствени именки (Fjalët që emërtojnë një qenie ose një send të vetëm, të dalluar nga të gjithë të tjerët, quhen emra të përveçëm).

На пример (Për shembull): Во реченицата (Në fjalinë): Бојан и Агрон живеат во Скопје. (Bojani dhe Agroni jetojnë në Shkup.) Именките Бојан и Агрон се сопствени именки. (Emrat Bojani dhe Agroni janë emra të përveçëm.)

Зборовите што означуваат имиња на суштества и предмети од ист вид, кои имаат исти или слични особини се нарекуваат општи именки (Fjalët që emërtojnë qenie ose sende të të njëjtit lloj, quhen emra të përgjithshëm).

На пример: Во реченицата: Децата од нашата населба играа фудбал. Именките децата, населба, фудбал се општи именки. (Për shembull: Në fjalinë: Fëmijët e lagjes sonë luajtën futboll. Emrat fëmijët, lagjes, futboll janë emra të përgjithshëm.)

Општите именки се делат на (Emrat e përgjithshëm ndahen):

Конкретни (emra konkretë) – град (qytet), село (fshat), планина (mal), река (lumë), тетратка (fletore);

Апстрактни (emra abstraktë) – желба (dëshirë), страв (frikë), радост (gëzim), слобода (liri).

Граматички категории на именките – Kategoritë gramatikore të emrave

За именките во македонскиот јазик се карактеристични следниве граматички категории (Emrat në gjuhën maqedonase kanë këto kategori gramatikore): род (gjini), број (numër) и определеност (shquarsi).

Родот на именките – Gjinia e emrave

Некои именки означуваат имиња на суштества и предмети од машки род (Disa fjalë emërtojnë qenie a sende të gjinisë mashkullore) – син, татко, стап (djalë, baba, banesë), други означуваат имиња на предмети и суштества од женски род (disa fjalë të tjera emërtojnë sende e qenie të gjinisë femërore) – девојка, рака, глава (vajzë, dorë, kokë), а трети имиња на предмети и суштества од среден род (e disa të tjerë sende e qenie të gjinisë asnjanëse) – срце, дете, тело (zemër, fëmijë, trup).

Од ова заклучуваме дека во македонскиот јазик именките се разликуваат по род. (Andaj, mund të vijmë në përfundim se në gjuhën maqedonase, emrat dallohen sipas gjinisë.)

За полесно определување на родот кај именките можеме да се послужиме со показните заменки (Mënyra më e lehtë për ta gjetur gjininë gramatikore të emrave është përdorimi i përemrave dëftorë) овој (ky), оваа (kjo) и ова (ky).

Именките пред кои може да стои овој се од машки род (Janë të gjinisë mashkullore ata emra te të cilët mund të qëndrojë/përshtatet përemri овој – ky).

Пример (Për shembull): Овој молив е мој. (Ky laps është imi)

Именките пред кои може да стои зборот оваа се од женски род (Janë të gjinisë femërore ata emra te të cilët mund të qëndrojë/përshtatet përemri оваа – kjo).

Пример (Për shembull): Оваа чаша е наша. (Kjo gotë është jona.)

Именките пред кои може да стои зборот ова се од среден род (Janë të gjinisë asnjanëse ata emra te të cilët mund të qëndrojë/përshtatet përemri ова – ky).

Пример (Për shembull): Ова куче е многу мирно. (Ky qen është shumë i qetë.)

При определувањето на родот кај именките никогаш нема да згрешиме ако ги користиме зборовите овој, оваа и ова. (Nëse për ta gjetur gjininë gramatikore të emrave i përdorim përemrat ky, kjo dhe ky[8], asnjëherë nuk do të gabojmë.)

Да повториме (Mbani mend):
Именките во македонскиот стандарден јазик можат да бидат во машки, женски и среден род. (Emrat në gjuhën standarde maqedonase kanë tri gjini: mashkullore, femërore dhe asnjanëse.)

[8] Ова është përemër karakteristik për gjuhët sllave, të njëjtin nuk e ka shqipja, por e zëvendëson me ky ose kjo.

Бројот на именките – Numri i emrave

Именките со кои се означени поединечни предмети или суштества се во еднина (Forma që merr emri kur tregon një send të vetëm ose një qenie a dukuri të vetme janë në njëjës), а именките со кои се означени повеќе такви предмети или суштества се во множина (ndërsa forma që merr emri kur tregon shumë sende, njerëz ose dukuri janë në shumës).

Оваа особина се нарекува број на именките (Kjo quhet kategori gramatikore e numrit të emrave).

Во македонскиот стандарден јазик именките имаат два броја: еднина и множина (Në gjuhën standarde maqedonase emrat kanë dy numra: njëjësin dhe shumësin).

Сопствените именки немаат множина, бидејќи со нив се именуваат строго определени предмети, односно суштества што ги нема во множество. (Emrat e përveçëm s’kanë numrin shumës sepse emërtojnë sende të caktuara, përkatësisht sende që s’i kemi në shumës).

Кај именките од машки род множината се прави ако на формата за еднина се додаде наставката – и. (Kur emrave të gjinisë mashkullore ua shtojmë mbaresën -i, ata e formojnë numrin shumës.)

Примери (Shembuj):  авион – авиони, возач – возачи, мајмун – мамуни.

Голем број именки од машки род множина прават со додавање на наставката – ови на формата за еднина. (Një numër i madh e emrave të gjinisë mashkullore shumësin e formojnë duke ua shtuar mbaresën –ovi trajtës së njëjësit.)

Примери (Shembuj):  брод – бродови, воз – возови, џин – џинови.

Кај сите именки од машки род што завршуваат на -ј во еднина, во формата за множина отпаѓа тој глас (буква). Притоа едни од нив множина прават со наставката –и: херој – херои, порој – порои, случај – случаи, а други именки множината ја создаваат со наставката –еви: крај – краеви, строј – строеви. (Emrat e gjinisë mashkullore që në njëjës kanë mbaresën –j, në shumës u bie kjo shkronjë. Disa nga ta shumësin e formojnë me mbaresën –i: херој – херои, порој – порои, случај – случаи, ndërsa disa të tjerë e formojnë me mbaresën –evi: крај – краеви, строј – строеви.)

Бидејки речиси сите именки од женски род во формата за еднина завршуваат на –а, во формата за множина на нејзиното место доаѓа наставката –и. (Siç dihet, të gjithë emrat e gjinisë femërore në njëjës mbarojnë me –a, në shumës zëvendësohet me mbaresën –i.)

Примери (Shembuj):  ѕвезда – ѕвезди, книга – книги, мотика – мотики. Но (Por), нога – нозе, рака – раце.

Именките од среден род во еднина редовно завршуваат на наставката –о или –е. Кај многу од нив во формата за множина на нивното место доаѓа наставката –а. (Emrat e gjinisë asnjanëse në njëjës zakonisht mbarojnë me mbaresën –o ose –e. Në shumë raste në vend të tyre, për formimin e shumësit, marrin mbarsën –a.)

Примери (Shembuj):  тело – тела, оро – ора, стадо – стада, сонце – сонца.

Некои именки од среден род множина прават со наставката –иња. (Disa emra të gjinisë asnjanëse shumësin e formojnë me mbaresën –inja.)

Примери (Shembuj):  пиле – пилиња, поточе – поточиња, девојче– девојчиња.

Од примерите забележуваме дека повеќето од именките од среден род коишто во еднина завршуваат на наставката –е во формата за множина добиваат наставка –иња. Кај именката дете имаме специфична форма за множина: деца. (Nga shembujt e mësipërm pamë se numri më i madh i emrave të gjinisë asnjanëse njëjës mbarojnë me –e, shumësin e formojnë me mbaresën –inja. Tek emri дете (fëmijë) kemi një formë specifike të shumësit: деца (fëmijë).  

Видови множина – Lloje formash shumësi

Во македонската граматика се разликуваат три вида множина (Në gramatikën e maqedonishtes dallohen tri lloje formash shumësi):

▪ обична (forma e thjeshtë e shumësit): деца, девојки, чешли, зборови, листови;
▪ избројана (forma e shumësit të numëruar): два/три/пет, многу збора, снопа, јазика, џеба, краја;
▪ збирна (forma e shumësit të emrave përmbledhës): лисје / лисја, корење / корења, ливаѓе, перја/перје.

Обична множина имаат именките од сите три рода, избројана множина имаат само именки од машки род кои во еднина завршуваат на согласка и таа се употребува само кога пред нив има број или количествен прилог (многу / малку / 2 / 3 / 10 листа, часа, јазика), а збирна множина имаат некои именки од сите три рода кои можат да се употребат за да означат збир како целост. (Formë të thjeshtë të shumësit kanë emrat e të tri gjinive, shumës të numëruar kanë vetëm emrat që në njëjës mbarojnë me bashkëtingëllore dhe e njëjta përdoret vetëm në rastet kur para tyre ka numëror ose ndajfolje sasie (многу / малку / 2 / 3 / 10 листа, часа, јазика), ndërsa formë të shumësit të emrave përmbledhës kanë disa emra të të tri gjinive që mund të përdoren për të emërtuar diçka si tërësi ose në mënyrë të përgjithësuar.)

Категорија определеност – Kategoria e shquarsisë

во училницата влезе ученик со книга во рацете. (Në klasë hyri një nxënës me libër në duar.)

Ученикот ја читаше книгата. (Nxënësi e lexonte librin.)

Спореди и размисли! (Krahaso dhe mendo!)

По што се разликуваат именките ученик и книга во првата реченица од истите именки во втората реченица: ученикот и книгата? (Me çka dallohen emrat ученик dhe книга në fjalinë e parë nga emrat e njëjtë në fjalinë e dytë ученикот dhe книгата?)

Со именките ученик и книга само се именува по еден претставник од множеството истородни суштества/лица (ученици) односно предмети (книги), а со истите именки во втората реченица, направено е изделување на спомнатото лице односно предмет од множеството истородни лица и предмети со што тие стануваат поблиски, поопределени. Нивната определеност се постигнува преку наставката што им се додава на именките. Таа наставка се вика член, а именките на чиј крај стојат вакви наставки се викаат членувани (të shquar), односни определени именки. (Me emrat ученик dhe книга emërtojmë vetëm një përfaqësues nga grupi i të njëjtave qenie / personave (nxënësve) ose sendeve (librave), ndërsa me të njëjtat emra në fjalinë e dytë, bëhet dallimi ndërmjet personit ose sendit të përmendur nga grupi i personave të së njëjtës kategori dhe sendeve me të cilat afrohen më tepër, të papërcaktuar. Shquarsinë e formojnë duke ua shtuar mbaresën emrave. Kjo mbarsë quhet nyje e trajtës së shquar, ndërsa emrat te të cilët ka kësi mbaresa quhen emra të shquar, përkatësisht të përcaktuar.)

Запомни (Mbani mend):
Наставката што се додава на именката за да се изрази категоријата определеност се вика член (nyje), а именките што имаат вакви наставки се викаат членувани именки (Mbaresa që u shtohet emrave për të formuar trajtën e shquar quhet nyje, ndërsa emrat që e kanë këtë mbaresa quhet emra të shquar.)

Членот во македонскиот литературен јазик е троен, односно има три форми: –от, -ов, -он; -та, -ва, -на; –то, -во, -но; -те, -ве, -не. (Nyja në gjuhën letrare maqedonase ka tri forma: -от, -ов, -он; -та, -ва, -на; -то, -во, -но; -те, -ве, -не.)

Членските наставки – от, -ов, -он се додаваат кај именките од машки род во еднина што завршуваат на согласка: човекот, човеков, човекон; (Nyjet shquese – от, -ов, -он u shtohen emrave të gjinisë mashkullore njëjës që mbarojnë me bashkëtingëllore: човекот, човеков, човекон;)

Членските наставки –та, -ва, -на се додаваат на: 1) сите именки во женски род во еднина: книгата, книгава, книгана; 2) именките од машки род што завршуваат на –а: судијата, судијава, судијана; 3) множинските форми на –а или –иња кај именките од среден род: селата, селава, селана; јагнињата,  јагнињава, јагнињана и сл.; и 4) на збирномножинските форми на –ја и –шта: перјата, перјава, перјана; ридиштата, ридиштава, ридиштана; патиштата, патиштава, патиштана. (Nyjet shquese та, -ва, -на u shtohen: 1) të gjithë emrave të gjinisë femërore njëjës: книгата, книгава, книгана; 2) emrave të gjinisë mashkullore që mbarojnë me –a: судијата, судијава, судијана; 3) format e shumësit me –a ose –inja te emrat asnjanës: селата, селава, селана; јагнињата,  јагнињава, јагнињана etj.; 4) te format e shumësit (emra që përdoren vetëm në shumës) me –ja dhe –shta: перјата, перјава, перјана; ридиштата, ридиштава, ридиштана; патиштата, патиштава, патиштана.)   

Членските наставки –то, -во, -но се додаваат на: 1) сите именки од среден род во еднина: полето, полево, полено; детето, детево, детено; 2) на именките од машки род еднина кои завршуваат на –о и: дедото, дедово, дедоно; аташето, аташево, аташено; 3) на збирномножинските форми на -је; нивјето, нивјево, нивјено; снопјето, снопјево, снопјено и 4) кај множинската форма луѓето, луѓево, луѓено. (Nyjet shquese -то, -во, -но u shtohen: 1) të gjithë emrave të gjinisë asnjanëse njëjës: полето, полево, полено; детето, детево, детено; 2) emrave mashkullorë njëjës që mbarojnë me -о dhe -е: дедото, дедово, дедоно; аташето, аташево, аташено; 3) te format e shumësit (emra që përdoren vetëm në shumës) me –je: нивјето, нивјево, нивјено; снопјето, снопјево, снопјено dhe 4) te format e shumësit: луѓето, луѓево, луѓено.)

Членските наставки -те, -ве, -не се додаваат на именките од машки и женски род како во примерите: столовите, столовиве, столовине; броевите, броевиве, броевине; масите, масиве, масине; очите, очиве, очине, односно: рацете, рацеве, рацене; нозете, нозеве, нозене. (Nyjet shquese -те, -ве, -не u shtohen emrave mashkullore dhe femërore të shembujve: столовите, столовиве, столовине; броевите, броевиве, броевине; масите, масиве, масине; очите, очиве, очине, përkatësisht: рацете, рацеве, рацене; нозете, нозеве, нозене.)

Овие наставки (prapashtesa), покрај општо, вршат и просторно определување (përcaktim topik-vendor). Притоа, со членските наставки –ов, -ва, -во, -ве се определуваат називите на предмети или суштества што се блиску до говорителот, со членските наставки –он, -на, -но, -не се определуваат називите на предмети или суштества што се далеку од говорителот, но во неговиот видокруг, а со членските наставки –от, -та, -то, -те се определуваат сите називи на предмети или суштества без разлика дали ги гледаме или не, дали се блиску или далеку. (Me mbaresat -ов, -ва, -во, -ве përcaktohen emërtimet e sendeve dhe qenieve që janë afër folësit, me mbaresat -он, -на, -но, -не përcaktohen emërtimet e sendeve dhe qenieve që janë larg folësit, por përreth tij, ndërsa  me mbaresat -от, -та, -то, -те përcaktohet të gjitha sendet e qeniet që ose i shohim ose jo, që janë afër ose larg.)  

Запомни (Mbani mend):
Во македонскиот јазик, за разлика од албанскиот, членот има и функција на просторно определување. Во македонскиот јазик не се членуваат географските и сопствените именки како во албанскиот јазик. (Në gjuhën maqedonase, për dallim nga gjuha shqipe, nyja ka funksion edhe të përcaktimit hapësinor. Në gjuhën maqedonase nuk shqyhen emrat gjeografikë dhe emrat e përveçëm, siç ndodh në gjuhën shqipe.)

Придавки – Mbiemrat

Придавките именуваат некаква карактеристика на предметите, суштествата и појавите. (Mbiemri emërton një tipar karakteristik të një sendi, qenie ose fenomeni).

Дадени се множествата зборови (Kemi dhënë dy grupe të fjalëve):

А={млазен, мал, топол, плиток, селската, златен, трет, мојот} {i gjatë, i vogël, i ngrohtë, i cekët, rural, i artë, i tretë, imi} и (dhe)

Б={авион, одред, бурек, базен, учителка, часовник, степен, компјутер} {aeroplan, skuadër, byrek, pishinë, mësuese, orë, shkallë, kompjuter}.

Погледнете каква функција имаат елементите на множеството А, а каква елементите на множеството Б? (Shih se çfarë funksioni kanë elementët e grupit A dhe çfarë ato të grupit B?)

Очигледно е дека елементите на множеството А имаат функција да именуваат карактеристики на предмети, суштества и појави како придавки, додека елементите на второто множество да ги именуваат предметите, суштествата и појавите како именки. (Është e qartë se elementet e grupit A kanë funksion për të treguar karakteristika të sendeve, qenieve a dukurive si mbiemra, ndërsa elementët e grupit të dytë emërtojnë sendet, qeniet e dukuritë si emra.)

Поради тоа елементите од множеството А се во релација со елементите на множеството Б со надоврзување од лево на десно (прво придавката, па именката). (Prandaj, elementet e grupit A janë në lidhje me elementet e grupit B në drejtimin nga e majta në të djathtë (në fillim mbiemri e pastaj emri)

Оваа состојба може писмено да се изрази на овој начин: млазен авион; мал одред; топол бурек; плиток базен; селската учителка; златeн часовник; трет степен и мојот компјутер. (Ky rend, me shkrim mund të shprehet  në këtë mënyrë: avioni i gjatë; skuadër e vogël; byrek i ngrohtë; pishinë e cekët; mësuese fshati; orë e artë; shkalla e tretë dhe kompjuteri im.)

Веднаш може да се забележи дека различните придавки даваат различен опис на именките. Некои ја опишуваат материјата од која е направен предметот или суштеството на кој/кое се однесува именката, некои ги опишуваат својствата на предметите, суштествата, некои нивната сопственост итн. (Menjëherë mund të vërejmë se mbiemrat e dhënë tregojnë cilësi të ndryshme të emrave. Disa e tregojnë lëndën e disa vetitë e sendeve, qenieve, disa përkatësinë etj.)

Според тоа придавките се делат на (Sipas këtij kriteri, mbiemrat ndahen):

Односни придавки, како во примерите: “златен часовник“, “гумен чамец“, “дрвена лопата“ во кои се опишува материјата од која се изработени предметите. Ваквите односни придавки се нарекуваат материјални придавки. Но во примерот “селската учителка“, се покажува одредена присвојност на предметот или суштеството и затоа селската и детскиот и придавки слични на нив се присвојни придавки. (Mbiemra cilësorë, si në shembujt “orë e artë”, “varkë gome”, “lopatë druri” të cilët emërtojnë cilësi nga e cila janë bërë mjetet. Por në shembullin “mësuese fshati” emërtohet një përkatësi të sendit ose qenies, andaj mbiemrat fshati dhe fëmije janë të njëjta me mbiemrat që tregojnë përkatësi).

Описните придавки се во примерите: “млазен авион“, “топол бурек“, “плиток базен“, “мал одред“. Сите овие придавки даваат опис на одредени својства на предметите или суштествата за кои зборуваме. (Mbiemra marrëdhëniorë (këta mund të shprehin një marrëdhënie lëndore) i kemi në shembujt: “avion i gjatë”, “byrek i nxehtë”, “pishinë e cekët”, “skuadër e vogël”. Këto mbiemra japin një përshkrim të vetive të sendeve ose qenieve për të cilat po flasim.)

Во македонскиот стандарден јазик постојат уште заменски придавки и бројни придавки. (Në gjuhën standarde maqedonase ka edhe mbiemra përemërorë dhe numërorë).

Заменските придавки се делат на: присвојни (мој, твој…); количествени (олкав, толкав, онолкав…); квалитативни (ваков, таков, онаков…); прашални (каков, колкав…); општи (секаков…), неопределени (некаков…) и др. (Mbiemrat përemëror ndahen në: pronorë (мој, твој…); sasiorë (олкав, толкав, онолкав…); dëftorë (ваков, таков, онаков…);  pyetës (каков, колкав…); përgjithshëm (секаков…),   papërcaktuar (некаков…) etj).

Заменски присвојни придавки (Mbiemrat pronorë-përemërorë): мој, моја, мое, мои; твој, твоја, твое, твои; негов, негова, негово, негови; нејзин, нејзина, нејзино, нејзини; наш, наша, наше, наши; ваш, ваша, ваше, ваши;  нивен, нивна, нивно нивни.

 Пример (Shembull): Нашата професорка е многу убава. (Profesoresha jonë është shumë e bukur.)

Бројни придавки се (Mbiemrat numërorë): трет степен, прва лига, второ полугодие, двојна дропка и сл (etj.).

Придавките: прв, втор, трет, четврт, петти, шести, седми, осми, деветти, десетти, единаесетти, дванаесетти, .. , дваесет и први итн., го одредуваат редот и поставеноста на суштествата и предметите во некој подреден ред и затоа се нарекуваат уште и редни броеви. (Mbiemrat: прв, втор, трет, четврт, петти, шести, седми, осми, деветти, десетти, единаесетти, дванаесетти, .. , дваесет и први etj., përcaktojnë rendin dhe vendin e qenieve dhe sendeve në një renditje, andaj quhen mbiemra numëror.)

Род и број кај придавките – Gjinia dhe numri i mbiemrave

Придавките се согласуваат по род и број со именките. (Mbiemrat përshtaten sipas gjinisë dhe numrit të emrave).

Во примерите: програмиран робот, земјена куќа, наша крава, црно куче придавките и именките се согласуваат по род и број: тоа значи дека родот и бројот на именката го определува родот и бројот на придавката. (Në shembujt: robot i programuar, shtëpi dheu, lopa jonë, qen i zi mbiemrat dhe emrat përshtaten sipas gjinisë dhe numrit: kjo do të thotë se gjinia dhe numri i emrit e përcakton numrin gjininë e mbiemrit.)

Примери (Shembuj):

Зелен домат – зелени домати; златна рака – златни раце; мал авион – мали авиони; шарено теле – шарени телиња. (domate e gjelbër – domate të gjelbra; dorë e artë – duar të arta; avion i vogël – avionë të vegjël; viç i larmë – viça të larmë). 

Значи и придавките како и именките имаат два броја еднина и множина. Во множина придавките завршуваат на –и без разлика на нивниот род, а тоа го гледаме и во претходните примери. (D.m.th. edhe mbiemrat sikurse emrat kanë dy numra, njëjësin dhe shumësin. Në numrin shumës mbiemrat e të dy gjinive mbarojnë me –i, shih shembujt e mësipërm.)

Запомни (Mbani mend):
Во македонскиот стандарден јазик вообичаен редослед е прво да се каже придавката, па потоа именката, и тоа секогаш усогласени според родот и бројот: весело дете, прекрасна учителка, мудри луѓе. (Në gjuhën standarde maqedonase rendi i zakonshëm është në fillim mbiemri e pastaj emri, kuptohet çdoherë të përshtatur sipas numrit e gjinisë: fëmijë i lumtur, mësuese e mrekullueshme, njerëz të mençur[9].)

[9] Në gjuhën shqipe rendi i zakonshëm është: emër + mbiemër.

Степенување на придавките – Shkallët e mbiemrit

Постојат два степена на споредување кај описните придавки и тоа: компаратив и суперлатив. (Shkallët e mbiemrave janë: shkalla krahasore dhe shkalla sipërore)

Компаратив (shkalla krahasore): Со овој степен се споредуваат две суштества или два предмета. (Me këtë shkallë krahasohen dy qenie ose dy sende.)

Примери (Shembuj): скап компјутер – поскап компјутер; убава книга – поубава книга. (kompjuter i shtrenjtë – kompjuter shumë më i shtrenjtë; libër i mirë – libër shumë më i mirë.)

Значи, компаратив се формира кога пред основната придавка се ставa претставката  по- (+) убава=поубава, по- (+) скап=поскап. (Pra, shkalla krahasore formohet duke ia shtuar para mbiemrit pjesëzën по- (+) убава=поубава, по- (+) скап=поскап.)

Суперлатив (shkalla sipërore): Со овој степен се врши едноставно споредување на повеќе разгледувани суштества или предмети (да повториме, под предмети може да се подразберат и природни појави). Се образува со претставката нај-: најголем, најдобра, најбогато, најсилни. (Me këtë shkallë mbiemri tregon se cilësia e dhënë është në një shkallë shumë të lartë dhe kundrohet jashtë çdo krahasimi. Formohet me нај-: најголем, најдобра, најбогато, најсилни.)

Примери за степенување: повисока девојка и највисока девојка наспроти позитивната форма (formës POHORE) висока девојка. (Shembuj të shkallë sipërore: повисока девојка dhe највисока девојка krahasuar me shkallën pohore висока девојка.)

Броеви – Numrat

Броевите можат да прикажуваат точен број на определено множество на суштества или предмети или пак нивен приближен број. Примери за изразување точен број: едно јагне, дваесет и три книги, пред илјада деветстотини дваесет и три (1923) години. (Numërori tregon numra të saktë ose sasi të caktuar sendesh e qeniesh të një fare. Ja disa shembuj: një qengj, njëzet e tre libra, para një mijë e nëntëqind e njëzet e tre vjetëve (1923).)

Примери за изразување приближен број: шеснаесет-седумнаесет песни (или може скратено: шест-седумнаесет песни). Забележуваме дека ваквите приближни вредности со два соседни броја едно до друго, се одвојуваат со хоризонтална цртичка: детелинката има три-четири листа. Приближна бројност во македонскиот стандарден јазик може да се изрази и со посебни форми за приближна бројност  кои се образуваат со наставката -ина: дваесетина лектири, педесетина луѓе, стотина ученици. (Shembuj të shprehjes së një numri të përafërt: gjashtëmbëdhjetë-shtatëmbëdhjetë këngë (ose shkurt: gjasht-shtatëmbëdhjetë këngë). (Siç shihet kjo sasi e përafërt me dy numra të lidhur me njëri-tjetrin, mes veti shkruhen me një vizë horizontale: Tërfili ka tre-katër gjethe. Sasi të përafërt në gjuhën standarde maqedonase gjithashtu mund të shprehen edhe me forma të veçanta të numrit të përafërt, të cilat formohen me prapashtesën -ina: rreth njëzet lektyra, pesëdhjetë njerëz, njëqind nxënës.)

Пишувањето и изговорот на броевите во македонскиот стандарден јазик е следниов (Shkrimi dhe shqiptimi i numërorëve në gjuhën standarde maqedonase është si vijon:): еден, два, три, четири, пет, шест, седум, осум, девет, десет, единаесет, дванаесет, .. , шеснаесет, седумнаесет,.. дваесет, дваесет и еден, .. триесет, .. , шеесет, .., седумдесет, .. , деведесет, .., сто, двесте, триста, четиристотини,… илјада, .., милион, милијарда.

На секој број кој завршува на –т ако му додадеме членска наставка за да  потенцираме некој број на суштества или предмети во поголемото множество на такви суштества или предмети, при пишувањето и изговорот се употребуваат две –т: деветте, десетте  и сл.: Десетте денари не ми беа доволни за сладолед.  (Иста појава на две –тт– имаме и кај редните броеви изведени од број што завршува на -т: петти, деветти, десетти, итн.; види: бројни придавки). (Çdo numërorë që mbaron me –t, nëse i shtojmë prapashtesë për të treguar një numër të qenieve ose sendeve , edhe në të shkruar edhe në të shqiptuar përdoren dy –t: деветте, десетте etj.: Десетте денари не ми беа доволни за сладолед. (Dukuri të njëjtë me dy –tt- kemi edhe te numrat rendorë që përfundojnë me –t: петти, деветти, десетти, etj.; shih: mbiemrat numërorë.).    

Заменки – Përemrat

Ти треба повеќе да учиш. Во претходнава реченица зборот ти посочува или укажува на лицето на кое му зборуваме. (Ti duhet më tepër të mësosh. Në këtë fjali fjala ti tregon personin me të cilin flasim.)

Откако јас учам успехот ми се подобри. Во претходнава реченица зборот јас се однесува на лицето кое зборува односно велиме дејството учам се однесува на првото лице или поточно на говорителот на реченицата. (Pasi fillova unë të mësoj, sukses m’u përmirësua. Në këtë fjali fjala unë i referohet personit që flet ose që tregon veprimin mësoj e, i referohet vetës së parë përkatësisht kryerësit të veprimit në këtë fjali.)

Тие живи и здрави се вратија од Месечината. Во претходнава реченица потенцираниот збор тие се однесува на точно определена група луѓе кои биле на Месечина и се вратиле оттаму.(Ata shëndosh e rehat u kthyen nga Hëna. Në këtë fjali fjala ata i referohet grupit të njerëzve të cilët kanë qenë në Hënë dhe që janë kthyer.)

Зборовите со вакво значење се викаат заменки. Зборовите ти и тие во погорните примери се напишани со голема буква само заради тоа што се на почетокот на реченицата. (Fjalët e tilla quhen përemra. Fjalët ti dhe ata në shembujt e mësipërm janë shkruar me shkronjë të madhe sepse janë në fillim të fjalisë, përndryshe shkruhen me të vogël.)

Лични заменки, лично-предметни заменки, показни заменки – Përemrat vetorë, përemrat dëftorë

Зборовите кои укажуваат на лица и предмети се викаат лични заменки. (Fjalët që tregojnë frymorë, sende quhen përemra vetorë.)

Ние употребуваме вакви зборови кога ги прикажуваме формите во глаголите за изразување различни времиња. Ќе го наведеме следниот пример за сегашно време: (Ne përdorim këto fjalë kur i tregojmë format e foljeve për të shprehur kohë të ndryshme. Do ta ilustrojmë me shembullin e mëposhtëm të kohës së tashme: )

              Еднина (Njëjës)                                         Множина (Shumës)

1л.(v.I)        јас програмирам               1л.(v.I)        ние програмираме

2л.(v.II)       ти програмираш               2л.(v.II)        вие програмирате

3л.(v.III)      тој програмира                 3л.(v.III)       тие програмираат

                    таа програмира

                    тоа програмира

Забележуваме дека во прво лице множина употребуваме ние програмираме. Тоа не значи дека ние сите кои го вршиме тоа дејство (програмираме) го изговараме исказот во хор, туку најчесто се подразбира дека едно лице го говори тоа во име на целата група. (Siç shihet, për vetën III shumës përdorim ние програмираме (ne programojmë). Kjo nuk nënkupton se të gjithë e kryejmë këtë veprim (programojmë)e shprehim në shumës, por më shpesh nënkuptohet se njëri flet në emër të grupit.)

За второто лице во множина ја употребуваме заменката вие кога се обраќаме на две или повеќе лица: Денес вие програмирате, а утре тие ќе програмираат. (Për vetën II shumës përdorim përemrin вие (ju) kur bisedojmë me dy a më shumë vetave: Денес вие програмирате, а утре тие ќе програмираат. (Sot ju programoni, ndërsa ata nesër do të programojnë.)

Кога се обраќаме на некое лице со кое немаме секојдневна комуникација или се однесуваме кон тоа лице со почит му се обраќаме со Вие и тоа го пишуваме со голема почетна буква, без разлика на позицијата во реченицата: Откако Вие програмирате работава убаво оди. (Kur i drejtohemi ndonjë personi të vetëm me të cilin s’kemi komunikim të përditshëm ose i drejtohemi me nderim e mirësjellje përdorim Вие (Ju) dhe e shkruajmë me shkronjë të madhe si në fillim ashtu edhe brenda fjalisë: Откако Вие програмирате работава убаво оди. (Qysh kur Ju programoni, puna ecën mirë.)

Исто така и заменката во трето лице множина тие се однесува на две или повеќе лица на чија присутност при говорењето не се инсистира. Ние чекаме додека тие програмираат. (Gjithashtu edhe përemri i vetës III shumës тие (ata/ato) tregon frymorët ose sendet, për të cilët bëhet fjalë. Ние чекаме додека тие програмираат. Ne presim derisa ata/ato[10] programojnë.)

Често пати, заменките во речениците се испуштаат, а реченицата сепак е разбирлива за тоа на кого се однесува дејството на глаголот, а тоа ни е јасно од самата глаголска форма: Додека програмираат не можеме да работиме. (Shpesherë, në një fjali mund të mungojnë përemrat, por fjalia kuptohet sepse mbaresat vetore të foljes na e bëjnë të ditur se cilës vetë i takon veprimi: Додека програмираат не можеме да работиме. (Derisa programojmë, s’mund të punojmë.)

Овде ќе дадеме табела на сите форми на личните заменки во македонскиот стандарден јазик: (Më poshtë do të japim një tabelë të trajtave të përemrave vetorë të gjuhës standarde maqedonase):

                                                                                  Лични заменки – Përemrat vetorë

Еднина – Njëjës Множина-Shumës еднина и множина-Njëjës dhe shumës
1 лице – veta I 2 лице – veta II 3 лице – veta III 1 лице – veta I 2 лице – veta II 3 лице – veta III
Основна (подметска)форма јас ти м. род – gj. mashk. ж. род – gj. fem. ср. род – gj. asnja. ние вие тие
тој таа тоа
форма за директен предмет мене, ме тебе, те него, го

неа,
ја

него, го нас, нè вас, ве нив, ги себе(си), се
форма за индиректен предмет мене, ми тебе, ти нему, му нејзе, ѝ нему, му нам, ни вам, ви ним, им себе(си), си
форма што се употребува со предлози мене тебе него неа него нас вас нив себе(си)

Лично-предметни заменки се[11]: кој, што и чиј и сите заменки што се изведени од нив: некој, секој, нешто, сешто, нечиј, сечиј, некого, некому, кого, кому, чуму и др. (Në këtë lloj të përemrave, që shqipja ika të përfshira brenda përemrave pyetës dhe remrave të pacaktuar, bëjnë pjesë: кој, што dhe чиј dhe përemrat e formuar nga to: некој, секој, нешто, сешто, нечиј, сечиј, некого, некому, кого, кому, чуму etj.)

Показните заменки служат да посочат лица или предмети во просторот околу нас или во времето и нивните форми се следниве: овој, оваа, ова, овие; оној, онаа, она, оние; тој, таа, тоа, тие. (Përemrat dëftorë tregojnë sende, frymorë ose tipare të këtyre sendeve e frymorëve, që ndodhen pranë ose larg folësit. Të tillë janë: овој, оваа, ова, овие; оној, онаа, она, оние; тој, таа, тоа, тие.)

[10] Si vetorë të vetës së tretë shumës, në gjuhën standarde shqipe, përdoren përemrat ata (për gjininë mashkullore) dhe ato (për gjininë femërore). За трето лице множина, во албанскиот стандарден јазик се употребуваат заманките ata (за машки род) и ato (за женски род). Додека за македонскиот стандарден јазик за двете рода се употребува една заменка – тие.

[11] Лично-предметните заменки во албанскиот стандарден јазик се дел од прашалните и неопредлените заменки.

Глаголи – Foljet

Зборовите што означуваат дејство, состојба во која се наоѓа некое суштество или предмет, или нешто што се случува во природата, се нарекуваат глаголи. (Fjalët që tregojnë një veprim a një gjendje në të cilën ndodhet ndonjë qenie a send, ose diçka që ndodh në natyrë, quhen folje.)

Примери (shembuj):   Авионот лета ниско. (Aeroplani fluturon ulët.)

                                        Брат ми спиеше до попладне. (Im vëlla fjeti deri pasdite.)

                                        Овие денови цело време врне. (Këto ditë tërë kohë po bie shi.)

                                        Ние ќе се возиме со воз. (Ne do të udhëtojmë me treen.)

Да повториме: глаголи се зборови коишто означуваат дејство, работа, состојба или нешто – појава што се случува во природата. (Të përsërisim: folje janë fjalët që tregojnë veprim, gjendje, punë ose diçka – dukuri që ndodh në natyrë.)

Глаголите во македонскиот јазик се разликуваат според категоријата вид и се делат на несвршени (трајни, повторливи) и свршени. (Foljet në gjuhën standarde maqedonase dallohen sipas kategorisë së aspektit dhe ndahen në folje në kohë pakryer dhe të kryer.)

Примери за несвршени глаголи (Shembuj për foljet e pakryera): чита, мисли, везе, мрзне, повикува, доаѓа, раѓа, тропнува. (lexon, mendon, qëndis, ngrij, thërret, vjen, lind, troket.)

Примери за свршени глаголи (Shembuj për foljet e kryera):  прочита, каже, падне, викне, дојде, тропне, роди. (lexoi, thotë, bie, thërriste, erdhi, trokiti, lindi.)

Запомни (Mbani mend):
Со свршените глаголи не може да се изрази дејство што се одвива во сегашноста односно во моментот кога зборуваме. (Me foljet e kryera nuk mund të tregohet ngjarje që ndodh në të tashmen, përkatësisht në momentin kur flasim.)

Искажување сегашност, минатост и идност – E tashmja, e kaluara dhe e ardhmja

Глаголите меѓу себе се разликуваат по моментот на вршење на дејствата означени со нив. (Foljet dallohen sipas kohës së kryerjes së veprimit nga to.)

Така на пример глаголите читам и лета означуваат дејства што се вршат во моментот на зборување т.е. во сегашноста. Затоа велиме дека со нив се искажува сегашност. (Për shembull, foljet lexoj dhe fluturon tregojnë ngjarje të cilat ndodhin gjatë kohës kur flasim, d.m.th. në të tashmen. Andaj themi se me to tregojmë veprimin e kryer nga folja në kohën e tashme.)

Глаголите трчаше, остана, сте научиле означуваат дејства што се вршеле или извршиле порано – пред моментот на зборувањето за нив, односно во минатото. Ваквите глаголи со кои се означени дејства што се вршеле или извршиле во минатото означуваат минатост. (Foljet vraponte, mbeti, keni mësuar tregojnë veprime të cilat kanë ndodhur më herët – para momentin që flasim për to, pra në të kaluarën (ose në të shkuarën). Foljet e tilla me të cilat tregohen veprime që kanë ndodhur në të kaluarën tregojnë veprime që ndodhin në të kaluarën.)

Глаголите пак ќе купиш, ќе се возиме, ќе учат означуваат дејства што треба да се извршат по моментот на зборувањето за нив, односно во иднина. Затоа велиме дека со нив се искажува идност. (Ndërsa foljet do të blesh, do të ngasim, do të mësoj tregojnë veprime të cilat duhet të ndodhin pas momentin që po flasim, përkatësisht në të ardhmen. Andaj themi se me to shprehim të ardhmen.)

Од она што го изнесовме досега можеме да заклучиме дека со глаголите се означуваат дејства што се вршат додека говориме за нив (во сегашноста), дејства што се вршеле или извршиле пред моментот на зборувањето за нив (во минатото) или дејства што ќе се извршат по моментот на зборувањето за нив (во иднина). Значи, бидејќи со глаголите, главно, се искажува сегашност, минатост или идност, разликуваме три основни глаголски времиња: сегашно, минато и идно време. (Nga ajo që thamë më lart, mund të vijmë në përfundim se foljet që tregojnë veprime që ndodhin gjatë kohës që flasim për to shprehim (të tashmen), veprimet që janë kryer para se të flasim për to shprehin (të kryerën) dhe veprime që do të kryhen pas momentit që flasim për to shprehin (të ardhmen). Për këtë arsye, dallojmë tri kohë themelore të foljeve: të tashmen, të kaluarën/të shkuarën dhe të ardhmen.)

Еве уште неколку примери на глаголи во основните три времиња (Ja edhe disa shembuj ku foljet i kemi në të tri kohët themelore të saj):
Сегашност: трчам, учиш, играме. (Tashmja: vrapoj, mëson, luajmë)
Минатост: летав, се капев, испеавте, сте учеле. (Kaluara: fluturova, u lava, këndova, keni mësuar.)
Идност: ќе спијам, ќе учиме, ќе се возат. (Ardhmja: do të flej, do të mësojmë, do të voziten.)

Сегашно време – Koha e tashme

Еве неколку примери (Ja disa shembuj):

Јас и другарите купуваме бурек. (Unë dhe shokët po blejmë/blejmë byrek.)
Децата јадат јагоди. (Fëmijët po hanë/hanë dredhëza.)
Топчето паѓа. (Topi po bie/bie.)

Дејствата означени со глаголите во овие реченици се вршат во моментот кога зборуваме за нив. Така, на пример, со глаголот купуваме е означено дејството купување што го вршиме јас и другарите во моментот кога зборуваме за тоа дејство. Исто така и дејствата јадат и паѓа се вршат во сегашноста. Затоа глаголските форми што означуваат дејства што се вршат во сегашноста се викаат форми за сегашно време.

Сегашното време има форми за сите три лица во еднина и множина. Еве неколку глаголи во сегашно време со сите форми во еднина и множина:

»  глаголска е-група (foljet e grupit –e)

 Еднина (Njëjës)                                           Множина (Shumës)

1л. јас спијам/unë fle                               1л. ние спиеме/ne flemë
2л. ти спиеш/ti fle                                     2л. вие спиете/ju flini
3л. тој/таа/тоа спие/ai, ajo fle                3л. тие спијат/ata, ato flenë

Еднина (Njëjës)                                           Множина (Shumës)

1л. јас перам/unë laj                                 1л. ние переме/ne lajmë
2л. ти переш/ti lan                                    2л. вие перете/ju lani
3л. тој/таа/тоа пере/ai, ajo lan               3л. тие перат/ata, ato lajnë

»  глаголска а-група (foljet e grupit –a)

Еднина (Njëjës)                                           Множина (Shumës)

1л. јас продавам/unë shes                        1л. ние продаваме/ne shesim
2л. ти продаваш/ti shet                             2л. вие продавате/ju shitni
3л. тој /таа /тоа продава/ai, ajo shet      3л. тие продаваат/ata, ato shesin

»  глаголска и-група (foljet e grupit –i)

Еднина (Njëjës)                                           Множина (Shumës)

1л. јас носам/unë mbaj                               1л. ние носиме/ne mbajmë
2л. ти носиш/ti mban                                  2л. вие носите/ju mbani
3л. тој/таа/тоа носи/ai, ajo mban             3л. тие носат/ata, ato mbajnë

Забележуваме дека глаголите кои во трето лице еднина завршуваат на –а во трето лице множина се пишуваат со две –аа- како на пример: завршува (завршуваат), пишува (пишуваат). (Vërejmë se foljet në vetën III njëjës që mbarojnë me –a, në vetën III shumës shkruhen me dy –aa, si p.sh.: завршува (завршуваат), пишува (пишуваат).[12]

[12] Во принцип, примерите не се преведуват, бидејќи секој јазик си има свои граматички особини. Не само во овој случај, но и во целиот текст на граматиката, преведените форми (некои од нив кои сме ги преведувале) мислиме само дека ќе помогнат да се види како се преведува некој збор или реченица на албански јазик. Бидејќи теоријата со примерите која е дадена за граматичките особини на глаголите, именките и др., не е иста и во албанскиот јазик. Преведените примери не ја дават сликата за таа теорија за која зборуваме. Затоа, како што спомнав дека и постои еден непишан принцип (непишано правило) дека примерите не се преведуваат. Спореди: завршува (завршуваат), пишува (пишуваат) – mbaron (mbarojnë), shkruan (shkruajnë).

Идно време – Koha e ardhme

Глаголите што означуваат дејства што ќе се вршат или извршат по моментот на зборувањето, односно во иднина, велиме дека се во идно време. (Foljet që tregojnë veprime të cilat do të kryhen ose do të zhvillohen pas momentit që flasim, pra në të ardhmen, flasim për kohën e ardhme të foljeve.)

Еве како гласат формите за идно време во македонскиот јазик за сите лица во еднина и во множина од еден глагол од глаголска а-група: (Ja si do të zgjedhohej një folje në kohën e ardhme në të tri vetat, njëjës dhe shumës: )

                  Еднина – Njëjës                                                              Множина – Shumës

1л.   јас ќе прочитам/unë do të lexoj                               1л.   ние ќе прочитаме/ne do të lexojmë
2л.   ти ќе прочиташ/ti do të lexosh                                 2л.   вие ќе прочитате/ju do të lexoni
3л.   тој/таа /тоа ќе прочита/ai, ajo do të lexojë            3л.   тие ќе прочитаат/ata, ato do të lexojnë

Гледаме дека препознавањето на глаголите од идно време во речениците е лесно бидејќи сите форми во еднина и множина го носат пред себе зборчето ќе. (Kohën e ardhme të foljeve në gjuhën maqedonase është lehtë ta vërejmë, sepse gjithmonë para tyre kanë fjalëzën ќе.)

Минато време – Koha e kaluar

За изразување на минатоста во македонскиот јазик има повеќе глаголски времиња што се изразуваат со различни глаголски форми. Со тие форми се изразуваат различни значења. Во табелата подолу ќе ги дадеме формите од глаголот јаде во основните минати времиња. (Për të shprehur të kaluarën/të shkuarën në gjuhën maqedonase, folja ka disa kohë dhe trajta në ndryshme. Të gjitha këto trajta shprehin kuptime të ndryshme. Në tabelën e mëposhtme do t’i japim trajtat dhe kohët e kaluara/të shkuara të foljes јаде (ha).

минато определено свршено време (аорист) (e kryera e thjeshtë) минато определено несвршено време (имперфект) (e pakryera) минато неопределено време (перфект) (e kryera) предминато време (плусквамперфект) (më se e kryera) глаголски конструкции со ‘имам’ и ‘сум’ (forma foljore me “kam” dhe “jam”
јас јадов

ти јаде

тој јаде

јас јадев

ти јадеше

тој јадеше

јас сум јадел
(а, о)
ти си јадел
(а, о)
тој јадел
(а, о)
јас бев јадел
(јал)
ти беше јадел
(јал)
тој беше јадел
(јал)
јас имам јадено

ти имаш јадено

тој има јадено/

јас сум јаден, ти
си јаден….

ние јадовме

вие јадовте

тие јадоа

ние јадевме

вие јадевте

тие јадеа

ние сме јаделе

вие сте јаделе

тие јаделе

ние бевме јаделе
(јале)
вие бевте јаделе
(јале)
тие беа јаделе
(јале)
ние имаме јадено

вие имате јадено

тие имаат јадено/

ние сме јадени, вие сте јадени….

Со минатите определени времиња во македонскиот јазик се искажува дејство што е засведочено, а со формите на минатото неопределено време може да се изрази незасведочено / прекажано дејство. Примери: (Me kohët e shkuara, në gjuhën maqedonase, tregohet një veprim që është kryer, ndërsa me format e së pakryerës tregojnë një veprim në një çast të së shkuarës, po që është në zhvillim e sipër ose që vazhdon:)

Ние го посетивме градскиот музеј додека траеше манифестацијата. (засведочено дејство).

Во далечното минато луѓето живееле во примитивни живеалишта. (прекажано дејство).

На крајот на делот за времињата ќе дадеме преглед и на формите на глаголот сум како глагол којшто има специфични форми, а учествува во образување на повеќе времиња како помошен глагол: (Në fund, do të japim një pasqyrë të trajtave të foljes сум (jam), i cili ka trajta specifike, dhe që shërben për të formuar edhe forma analitike të foljes.)

                                                         Формите на глаголот СУМ (Trajtat e foljes JAM)

сегашно време
(презент)
(e tashmja)

минато опред.
несвршено време
(имперфект)
(e pakryera)

минато
неопределено време
(перфект)
(e kryera)

предминато време
(плусквамперфект)
(më se e kryera)

идно време
(футур)
(e ardhmja)

минато идно време
(e ardhmja e së shkuarës)
идно прекажано време
(e ardhme e përparme e së shkuarës)
јас сум

ти си

тој е

јас бев

ти беше

тој беше

јас сум бил

ти си бил

тој бил

јас бев бил

ти беше бил

тој беше бил

јас ќе бидам

ти ќе бидеш

тој ќе биде

јас ќе бев

ти ќе беше

тој ќе беше

јас ќе сум бил

ти ќе си бил

тој ќе бил

ние сме

вие сте

тие се

ние бевме

вие бевте

тие беа

ние сме биле

вие сте биле

тие биле

ние бевме биле

вие бевте биле

тие беа биле

ние ќе бидеме

вие ќе бидете

тие ќе бидат

ние ќе бевме

вие ќе бевте

тие ќе беа

ние ќе
сме биле

вие ќе
сте биле

тие ќе
биле

 

Начини – Mënyrаt

Во македонскиот стандарден јазик постојат два начина: заповеден начин и можен начин. (Në gjuhën standarde maqedonase, folja ka dy mënyra: mënyrën urdhërore dhe mënyrën kushtore.)

Заповеден начин – Mënyra urdhërore

Заповедниот начин служи за изразување заповед, наредба, барање и слично.  Заповедниот начин има посебни форми само за второто лице во еднина и во множина бидејќи второто лице е соговорникот со кого зборуваме и на когошто можеме нешто да му наредиме. Примери: (Foljet në mënyrën urdhërore shprehin një dëshirë në formë urdhri, kërkese, këshille, porosie, lutjeje etj. mënyra urdhërore ka trajta të veçanta të vetës II, njëjës dhe shumës, sepse veta II është bashkëbiseduese me të cilin flasim dhe mund ta urdhërojmë.)

јади–јадете, копај–копајте, носи–носете, читај–читајте, спиј–спијте.

Формите на заповедниот начин во македонскиот стандарден јазик се образуваат на следниве два начина: (Trajtat e mënyrës urdhërore, në gjuhën standarde maqedonase, formohen në dy mënyra: )

  1. со наставките –ј (за еднина) и –јте (за множина), кај глаголите од а-група и кај оние глаголи од е-група и и-група чијшто општ дел завршува со самогласка: сака – сака-ј/сака-јте; пие – пи-ј/пи-јте, брои – бро-ј/бро-јте. Како што се гледа од примериве, овие наставки се додаваат на основниот вокал кај глаголите од а-група, односно на општиот дел кај глаголите од е-група и и-група. (me mbaresat -ј (për njëjësin)  dhe -јте (për shumësin), te foljet e a-grupit si dhe te foljet e e-grupit dhe i-grupit të cilat mbarojnë me zanore: сака – сака-ј/сака-јте; пие – пи-ј/пи-јте, брои – бро-ј/бро-јте. Siç shihet nga këta shembuj, mbaresat i marrin foljet e a-grupit, përkatësisht foljet e a-grupit, si dhe në trajtat e e-grupit dhe i-grupit.)
  2. со наставките –и (за еднина) и –те (за множина), кај глаголите од е-група и и-група на кои основниот дел им завршува на согласка. Примери: дојде – дојд-и/ дојд-е-те; јаде – јад-и/јад-е-те, фати– фат-и/фат-е-те. (me mbaresat -и (për njëjësin)  dhe -те (për shumësin), te foljet e e-gupit dhe i-grupit të cilat dalin me bashkëtingëllore. Shembuj: дојде – дојд-и/ дојд-е-те; јаде – јад-и/јад-е-те, фати– фат-и/фат-е-те.)
Можен начин – Mënyra kushtore

Формите за можен начин во македонскиот стандарден јазик се добиваат со честичката би + глаголската л-форма од глаголот што се менува: јас би јадел, ти би јадел, тој би јадел (таа би јадела, тоа би јадело), ние би јаделе, вие би јаделе, тие би јаделе. (Trajtat e mënyrës kushtore, në gjuhën standarde maqedonase, formohen me pjesëzën би + глаголската л-форма të foljes e cila ndryshon: јас би јадел, ти би јадел, тој би јадел (таа би јадела, тоа би јадело), ние би јаделе, вие би јаделе, тие би јаделе.)

Нелични глаголски форми – Forma të pashtjelluara foljore

Неличните глаголски форми се глаголски форми што не се менуваат по лица и затоа се викаат нелични глаголски форми, но некои од нив учествуваат во образувањето на некои глаголски времиња (види во табелата погоре). Нелични глаголски форми во македонскиот стандарден јазик се: глаголска именка, глаголска придавка, глаголска л-форма и глаголски прилог. (Format e pashtjelluara të foljes janë ato që nuk ndryshojnë sipas vetave, andaj edhe quhen forma të pashtjelluara t foljes, por disa nga to shërbejnë për të formuar disa kohë foljore (shih tabelën më lart) Forma të pashtjelluar të foljes në gjuhën standarde maqedonase janë: глаголска именка (emër foljor), глаголска придавка (pjesore), глаголска л-форма (trajtat e l–foljes) dhe глаголски прилог (përcjellore).)

Глаголска именка (emër foljor): копање, јадење, учење, носење.
Глаголска придавка (pjesore): паднат– падната– паднато–паднати, развиен–развиена – развиено– развиени.
Глаголски прилог (përcjellore): копајќи, јадејќи, учејќи, носејќи.
Глаголска л-форма (trajtat e l–foljes): копал– копала– копало– копале; јадел–јадела–јадело–јаделе.

Прилози – Ndajfoljet

Прилозите се полнозначни зборови кои ги определуваат околностите во кои се одвива дејството или состојбата во дадена реченица. (Ndajfoljet janë fjalë kuptimplota që tregojnë rrethanat në të cilat zhvillohet gjendja ose situata në një fjali.)

Според видот на околноста што ја определуваат, прилозите се делат на прилози за начин, место, време и количество и степен. (Për nga kuptimi, ndajfoljet janë disa llojesh: mënyre, vendi, kohe, sasie e shkalle.)

Прилозите за начин во македонскиот јазик најчесто се совпаѓаат по форма со формите на придавките за среден род еднина. Примери: Марија пее убаво. Петар чита брзо. Стојан скокна високо. (Ndajfoljet e mënyrës në gjuhën maqedonase, më shpesh përshtaten me trajtat e mbiemrave të gjinisë asnjanëse (njëjës).

(Спореди со формите на придавките кои ја определуваат именката, а не глаголот: убаво дете, брзо коњче, високо дрво.) (Krahasoni me format e mbiemrave që e përcaktojnë emrin, e jo foljen: убаво дете (fëmijë i bukur), брзо коњче (kalë i shpejtë), високо дрво (dru i lartë.)

Овде ќе наведеме дел од прилозите што најчесто се употребуваат во македонскиот јазик распоредени според околноста што ја определуваат (Më poshtë do të japim disa ndajfolje që në gjuhën maqedonase përdoren më shpesh sipas rrethanës që e tregojnë):

Прилози за место (Ndajfolje të vendit): овде, онде, таму, ваму, тука, близу, далеку, напред, назад, горе, долу, дома, каде.

Прилози за време (Ndajfolje të kohës): сега, после, денес, утре, задутре, вчера, завчера, вечерва, синојка, лани, наскоро, рано, доцна, кога.

Прилози за количество и степен (Ndajfolje të sasisë dhe shkallës): многу, малку, повеќе, доста, средно, ептен, колку, толку, олку, онолку, доволно.

Прилозите за начин и дел од прилозите за количество можат да се степенуваат т.е. тие имаат форми за компаратив и суперлатив исто како и придавките (Ndajfoljet e mënyrës dhe disa ndajfolje të sasisë mund të kenë edhe kategorinë gramatikore të shkallës, d.m.th. mund të përdoren edhe në shkallën krahasore e sipërore, njëjtë si mbiemrat): поубаво/ најубаво, побрзо / најбрзо, повисоко / највисоко, подобро / најдобро, полошо / најлошо, помалку/најмалку.

Запомни (Mbani mend):
Најголемиот број реченици можат да добијат прилошки определби за место и за време бидејќи сите дејства и состојби се одвиваат во некое место и во некое време. (Numri më i madh i fjalive mund të kenë edhe ndajfolje të vendit dhe të kohës, sepse të gjitha ngjarjet zhvillohen në ndonjë kohë dhe ndonjë vend.)

Примери (Shembuj):
Јана денес оди таму.
Пранвера вчера полагаше тука.

Предлози – Parafjalët

Предлозите се неменливи зборови што служат за поврзување на деловите на реченицата. Тие најчесто покажуваат некаков однос во просторот, во времето или служат за покажување на некакви значења во реченицата. Така предлогот на означува поставеност на некој предмет врз некоја површина: книгата на масата, предлогот под означува поставеност на некој предмет во просторот одоздола на некој друг предмет: клупата под липата и сл. (Parafjalët janë pjesë të pandryshueshme të ligjëratës që shërbejnë për të lidhur pjesët e fjalisë. Në të shumtën e rasteve tregojnë një lidhje me hapësirën, me kohën ose shërbejnë për të treguar kuptime të ndryshme së fjali. Parafjala на (në) tregojnë vendin e ndonjë sendi: книгата на масата (libri në tryezë), parafjala под (nën) tregon vendin e ndonjë sendi nën diçka tjetër: клупата под липата (stoli nën një bli) etj.)

Но, предлозите можат да покажуваат и значења во реченицата (Por, parafjalët mund të kenë edhe këto kuptime brenda fjalisë):

  1. предлогот на го искажува индиректниот предмет во реченицата како во следниов пример: Му напишав писмо на татко ми. (parafjala на tregon kundrinorin e zhdejtë në fjali, si p.sh.: Му напишав писмо на татко ми. (I shkrova një letër babait.)
  2. предлогот од може да искажува роднински однос или посвојност како во следниве примери: сестрата од мојата другарка, куќата од мојот сосед и др. (parafjala од tregon lidhje farefisnie ose përkatësi, si p.sh.: сестрата од мојата другарка, куќата од мојот сосед (motra e shokut tim, shtëpia e fqinjit tim) etj.)  
  3. предлогот со може да изразува придружба на лице: Тој со ќерката дојде. или средство за вршење некоја активност: Ученикот пишува со молив. (parafjala со (me) mund të tregon shoqërim të një presoni: Тој со ќерката дојде (Ai me vajzën erdhi) ose mjet për të kryer një veprim: Ученикот пишува со молив. (Nxënësi shkruan me laps).

Во македонскиот јазик има повеќе предлози кои можат да бидат прости или сложени. (Parafjalët, në gjuhën maqedonase, sipas strukturës morfologjike janë të thjeshta dhe të përngjitura.)

Прости предлози (Parafjalë të thjeshta): на, од, до, со, под, над, пред, зад, во, низ, врз, по, кон и др (etj.).
Сложени предлози (Parafjalë të përngjitura): покрај, позади, наспроти, поради, заради, отаде и др (etj.).

Честички – Pjesëzat

Честичките претставуваат неменливи зборови кои служат за истакнување или определување на други зборови или за образување на некои граматички форми. (Pjesëzat janë fjalë të pandryshueshme të ligjëratës, që shërbejnë për të shprehur ngjyrime kuptimore të fjalëve ose të formojnë forma të ndryshme gramatikore.)

Во зборувањето некои честички служат за тврдење или одрекување, како што се честичките да и не (ни, ниту), други служат за прашување, како честичките дали, ли, зарем, нели, а пак некои честички служат за искажување заповед, како честичките да и нека. (Gjatë ligjërimit disa pjesëza shërbejnë për të pohuar, ose për të mohuar diçka. Të tilla janë pjesëzat да (po) dhe не (jo) (ни, ниту), disa shërbejnë për të pyetur, si: дали, ли, зарем, нели, ndërsa disa shërbejnë për të shprehur urdhër, si: да dhe нека.)  

Има и честички што се употребуваат за истакнување на делови од реченицата: Примери: Наставничката дури и го пофали Јане за одговорот. Само родителот најдобро го познава своето дете. Ене ги убавите цвеќиња! (Disa pjesëza shërbejnë për të theksuar disa pjesë të fjalisë, p.sh.: Наставничката дури и го пофали Јане за одговорот. Само родителот најдобро го познава своето дете. Ене ги убавите цвеќиња! (Mësuesja madje e lavdëroi Janen për përgjigjen. Vetëm prindërit më së miri e njohin fëmijën e vet. Ja lulet e bukura.)

За образување на некои граматички форми во македонскиот јазик се употребуваат следниве честички: ќе, би, да, нека, по-, нај-, било, -годе. Како примери ќе ги посочиме: честичката ќе со која се образува идното време: (тие ќе дојдат), честичката би со кој се образува можниот начин (таа би направила сè за него), како и честичките по– и нај–  со кои се образуват степенувани форми (компаратив и суперлатив: поубаво, најубаво). (Për të formuar disa trajta gramatikore, në gjuhën maqedonase përdoren disa pjesëza: ќе, би, да, нека, по-, нај-, било, -годе. Për shembull: me pjesëzën ќе formohet koha e ardhme (тие ќе дојдат – ata do të vijnë), me pjesëzën би formohet mënyra kushtore (таа би направила сè за него – ajo do të bënte gjithçka për të), si dhe me pjesëzat по- dhe нај- formohen shkallët (krahasore dhe sipërore: поубаво, најубаво).

Убаво е да се знае (Mbani mend: )
Честичката ќе (тој ќе работи) во македонскиот јазик е настаната од глаголот сака, исто како што во албанскиот јазик честичката do (ai do të punojë) е настаната од глаголот dua (= сака). (Pjesëza ќе (тој ќе работи) në gjuhën maqedonase është formuar nga folja сака, sikurse në gjuhën shqipe, pjesëza  do (ai do të punojë) është formuar nga folja dua (= сака).

Извици – Pasthirrmat

Извиците се неменливи зборови кои можат да бидат од различно потекло. (Pasthirrmat janë fjalë të pandryshueshme të cilat mund të kenë formime/trajta të ndryshme.)

Тие се најчесто кратки зборови што служат за изразување чувства, возбуда или изненадување на говорителот. Примери: оф, леле, ах, ех, уф, псст, шшт, ееј и сл. (Shpesh janë fjalë të shkurtra që shprehin ndjenja, shqetësime ose befasi të folësit.)

Како извици често се употребуваат и гласовни состави со кои се имитираат звуци од природата: плас, трас, крц, цррр, бум, чук, диш. (Pasthirrmat shpesh përdoren për të imituar zërat e natyrës: плас, трас, крц, цррр, бум, чук, диш.)

Како извици се сметаат и други зборови, најчесто именки, кога се употребени со повишување на тонот: Помош! Убавина! Рај! (Në grupin e pasthirrmave bëjnë pjesë edhe disa fjalë, më së shpeshti emra, që përdoren me ton më të lartë, si: Помош! Убавина! Рај!)

Модални зборови – Fjalët modale

Модалните зборови се неменливи зборови што се додаваат во реченицата за да го променат на некој начин нејзиното значење односно да внесат личен став на говорителот за кажаното. (Foljet modale janë fjalë të pandryshueshme që i shtohen fjalisë për të shprehur qëndrimin e folësit ndaj asaj që kumton, d.m.th. qëndrimin e folësit lidhur me veprimin e emërtuar nga folja ndjekëse.)

Примери (Shembuj):

  1. Љупка ќе дојде сигурно. (Lupka do të vijë, sigurisht.)
  2. Веројатно возот доцни. (Sigurisht, ka vonesë të trenit)
  3. Милка божем знаела нешто на часот. (Milka kinse ka ditur diçka në orë.)

Модалните зборови не се поврзуваат со некој конкретен дел од реченицата, туку и даваат малку поинакво значење на целата реченица.(Fjalët modale nuk lidhen me ndonjë pjesë konkrete të fjalisë, por i japin një kuptim tjetër gjithë fjalisë.)

Така, во примерот бр. 1) се искажува увереност на говорителот дека дејството од реченицата ќе се реализира; во примерот бр. 2) имаме сомнеж односно помала увереност во она што го кажуваме; а во примерот бр. 3) имаме изразување на неверување во дејството изразено во реченицата. (Në fjalinë 1) folësi tregon siguri/domosdoshmëri që veprimi i fjalisë do të kryhet; 2) kemi dyshim, përkatësisht siguri më të vogël të asaj që e themi; ndërsa në shembullin 3) shprehim mosbesim të asaj që e themi.)

Освен одделни зборови како во погорните примери, модалните зборови можат да бидат и јазични изрази од типот: на крајот на краиштата, без сомнеж, за големо чудо и сл. (Përveç me format e fjalëve që i përmendëm më lart, fjalët modale mund të shprehen edhe me lokucionet: на крајот на краиштата, без сомнеж, за големо чудо etj.)

Синтакса (Sintaksa)

Проста реченица – Fjalia e thjeshtë

Основните реченични делови се подметот и прирокот. (Gjymtyrët kryesore të fjalisë janë kryefjala dhe kallëzuesi.)

Реченица без прирок не може да постои. Но, освен прирокот најчесто во реченицата има и подмет, за којшто се искажува самата реченица, а тој е најчесто вршител на дејството или носител на некоја состојба / особеност. (Fjali pa kallëzues s’mund të ketë. Por, veç kallëzuesit, në të shumtën e rasteve, fjalia e ka edhe kryefjalën, e cila është ajo që e kryen ndonjë veprim a gjendje.)

Примери (Shembuj): Наставникот предава. Ученичката е одлична. (Mësuesi ligjëron. Nxënësja është e shkëlqyeshme.)

Постојат реченици во кои нема подмет затоа што не знаеме кој е вршител на дејството или не ни е битно да го истакнеме. Таквите реченици се викаат безлични: (Ekzistojnë fjali që nuk e kanë të shprehur kryefjalën sepse ose nuk e dimë se kush e kryen veprimin, ose nuk na intereson ta dimë. Fjalitë e tilla quhen fjali pavetore: )

Врне, Дува. Грми. (не се знае кој е вршителот – s’dihet kush e kryen veprimin);

Многу се работи во градот. (не го истакнуваме вршителот – nuk tregohet kryerësi i veprimit).

Речениците со еден прирок се викаат прости реченици. (Fjalitë që kanë vetëm një kallëzues quhet fjali të thjeshta.)

Други реченични делови се: директен предмет, индиректен предмет, предлошки предмет и прилошка определба. (Gjymtyrë të tjera të fjalisë janë: kundrina e drejtë, kundrina e zhdrejtë me dhe pa parafjalë dhe rrethanorët.)

Марко чита книга. (именката книга е директен предмет затоа што врз тој предмет се врши дејството изразено со глаголот). (Markoja lexon një libër. Emri një libër është kundrinor i drejtë sepse mbi të bie veprimi i kryer nga folja-kallëzues.)

Бесим му прости на татко си. (именката на татко си претставува индиректен предмет, а тоа е лицето за коешто е наменето дејството; индиректниот предмет во македонскиот јазик речиси секогаш е придружен и со кратка форма од личната заменка за индиректен предмет и тоа се нарекува удвојување на предметот). (Besimi ia fali babait të vet. Emri babait të vet, është kundrinor i zhdrejtë pa parafjalë, sepse ai është personi mbi të cilin i kushtohet fjalia; kundrinori i zhdrejtë pa parafjalë në gjuhën maqedonase gjithnjë shoqërohet nga një trajtë e shkurtër e përemrit vetor dhe quhet rimarrje e kundrinës.)

Удвојување на предметот има и кај директниот предмет и кај индиректниот предмет секогаш кога се тие определени со член или на друг начин (односно се кажуваат како познати): Тој ја прочита книгата. Таа му помогна на соседот. (Rimarrje të kundrinës kemi edhe te kundrina e drejtë, edhe te e zhdrejta: Тој ја прочита книгата. Таа му помогна на соседот.  Ai e lexoi librin. Ajo i ndihmoi fqinjit.)

Сите предмети кои се поврзуваат со прирокот со некој предлог, а не можат да се удвојат со кратка заменска форма претставуваат предлошки предмет (Të gjitha kundrinat që lidhen me kallëzuesin nëpërmjet një trajte të shkurtër të përemrave, paraqesin предлошки предмет – rrethanorë):

Филип се грижеше за родителите. Гзиме многу размислуваше околу тоа прашање. Дедото копаше со мотика. (Filipi kujdesej për prindërit. Gëzimja shumë mendoi rreth asaj pyetjeje. Gjyshi prashiste me shat.)

Сите реченици можат да содржат и прилошки определби: за место, за време, за начин и за количество и степен. (Të gjitha fjalitë mund të kenë edhe прилошки определби – rrethanorë: të vendit, të kohës, të mënyrës dhe të sasisë e shkallës.)

Примери (Shembuj):

Наставниците ќе се вратат другиот ден. (Arsimtarët do të kthehen ditën tjetër.)

Цвеќињата се насадени во дворот. (Lulet i kemi mbjellë në oborr.)

Калина пееше како славеј. (Shega[13] këndonte si bilbil.)

Јаболката беа собрани во десет гајби. (Mollët i mblodhëm në dhjetë kanistra.)

Во реченицата како дополнителни членови можат да се употребат и атрибут и апозиција. Brenda fjalisë, si gjymtyrë plotësuese, mund të përdoren edhe përcaktorë dhe ndajshtim.

Убавата девојка носеше шарено фустанче. (два атрибута – dy përcaktorë).

Скопје, главниот град на Македонија, се менува секојдневно. (апозиција или втор назив за именката употребена пред апозицијата – ndajshtim ose emërtim i dytë i emrit para ndajshtimit).

[13] Во албански јазик Канлина се преведува Shegë. Иако сопствените имиња не се преведуваат.

Сложена реченица – Fjalia e përbërë

Речениците што имаат најмалку два прирока се викаат сложени реченици.

(Fjalitë që kanë dy ose më shumë kallëzues quhen fjali të përbëra.)

Во македонскиот стандарден јазик сложените реченици можат да бидат независносложени и зависносложени реченици. (Në gjuhën standarde maqedonase fjalitë e përbëra ndahen në fjali të bashkërenditura dhe të nënrenditura.)

Независносложените реченици се делат на:

Fjalitë e bashkërenditura ndahen:

  1. составни со сврзниците (këpujore): и, па, та, ни, ниту, не само што – туку и.
    Пример (Shembull): Сонцето блескаше на небото и ја ширеше својата топлина.
  2. спротивни со сврзниците (kundërshtore): а, но, ама, ами, туку, меѓутоа.
    Пример (Shembull): Учениците го слушаа предавањето, но не го разбраа.  
  3. разделни со сврзниците (veçuese): или, или–или, било– било, ја– ја, ту–ту, час–час, де–де и др.
    Пример (Shembull): Дарко читаше книга или шеташе покрај реката.

Речениците од коишто се состои независносложената реченица се независни една од друга и можат да се одделат и да стојат самостојно. Пример: Сонцето блескаше на небото. Тоа ја ширеше својата топлина.

Зависносложените реченици се делат на:

Fjalitë e nënrenditura ndahen:

  1. временски, со следниве сврзници (kohore, me lidhëzat): кога, пред да, откако / откога, дури, додека, штом, штотуку / тукушто.
    Пример (Shembull): Кога дојдовме во салата, никого немаше.
  2. причински, со следниве сврзници (shkakore, me lidhëzat):: затоа што, зашто, бидејќи, поради тоа што, заради тоа што, оти и дека.
    Пример (Shembull): Не отидовме на забава бидејќи врнеше дожд.
  3. последични, со следниве сврзници (pasojës, me lidhëzat):: така што, толку…што, таков…што, толкав…што и др.
    Пример (Shembull): Кошаркарот беше многу висок, така што со леснотија ја дофати топката.
  4. условни, со следниве сврзници (kushtore, me lidhëzat):: ако, да, кога би, доколку.
    Пример (Shembull): Ако нашата екипа постигне подобар резултат, сите ќе се гордееме.
  5. целни, со следниве сврзници (qëllimore, me lidhëzat):: за да, да.
    Пример (Shembull): Луѓето учат за да си го подобрат животот.
  6. начински, со следниве сврзници (mënyrore, me lidhëzat):: како да, како божем, божем, небаре и сл..
    Пример (Shembull): Изложбата во училиштето беше прекрасна како да ја направиле најголеми уметници.
  7. допусни, со следниве сврзници (me lidhëzat): иако, и да, макар што, и покрај тоа што и др.
    Пример (Shembull): Сакаше да и ја каже тајната на другарка си, иако не знаеше како.
  8. односни, со следниве сврзници (përcaktore, me lidhëzat):: што, кој(што) (којашто, коешто, коишто), чиј(што) (чијашто, чиешто, чиишто), каде што, каков што, колкав што, кога.
    Пример (Shembull): Момчето што дојде последно, победи вчера на натпреварот.
  9. исказни со следниве сврзници (me lidhëzat): дека, оти, да, што, како и сите прашални зборови.
    Пример (Shembull): Учениците рекоа дека ќе научат.

Запомни (Mbani mend):
Речениците од коишто се состои зависносложената реченица се зависни една од друга, постои една главна реченица и една зависна од неа што не може да се употреби самостојно и да искаже комплетна мисла. (Periudhat e nënrenditura kanë një fjali kryesore dhe një të varur e cila nuk mund të qëndrojë vet.)
Пример, реченицата (Shembull, në fjalinë): Кога дојдовме во салата, никого немаше.

се состои од две дел-реченици (ka dy pjesë-fjalish):

  1. *Кога дојдовме во салата. – зависна дел-реченица и не може да стои самостојно зашто вака нема комплетно значење. (Fjalia e varur nuk mund të qëndojë vet sepse kështu nuk ka kumtim të plotë.)
  2. Никого немаше. – главна дел-реченица, може да стои самостојно. (Fjalia kryesore, mund të qëndrojë edhe vet.)

Користена литература (Literatura e shfrytëzuar)

Користена литература (Literatura e shfrytëzuar)
  1. Бојковска С., Минова-Ѓуркова Л., Пандев Д., Цветковски Ж., Македонски јазик за средното образование, „Просветно дело“, Скопје, 1997.
  2. Конески Блаже, Граматика на македонскиот литературен јазик, „Култура – Македонска книга – Мисла – Наша книга“, Скопје, 1981.
  3. Конески Кирил, Зборообразувањето на современиот македонски јазик, УКИМ, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, 1995.
  4. Кепески Круме, Граматика на македонскиот литературен јазик за училиштата за средно образование, „Просветно дело“, Скопје, 1987.
  5. Минова-Ѓуркова Лилјана, Синтакса на македонскиот стандарден јазик, „Магор“, Скопје, 2000.
  6. Савицка И., Спасов Љ., Фонологија на современиот македонски стандарден јазик, „Детска радост“, Скопје, 1997.
  7. Тополињска Зузана, Македонските дијалекти во Егејска Македонија, книга 1, СИНТАКСА I, МАНУ, Скопје, 1995.
  8. Тополињска Зузана, Македонските дијалекти во Егејска Македонија, книга 1, СИНТАКСА II, МАНУ, Скопје, 1997.