За именка како заглавен збор се дадени ознаки за род, за број (еднина и множина); за мак. јазик и форми за избројана мн., а за алб. јазик и форми за член.
брак sh. бракови dhe брака m. martesë, kurorë (me ceremoni): законски брак martesë e ligjshme.
cjap, -i м. мн. cjep, cjeptë зоол. јарец: cjap i bardhë бел јарец.
За придавка како заглавен збор, се дадени форми за род во еднина. азбуч/ен, -на, -но mb. që i përket alfabetit cirilik: азбучен ред rend alfabetik (cirilik).
caktúar (i,e) прид. одреден, определен.
За глагол како заглавен збор се дадени ознаки за вид (во мак. јазик), ознаки за преодност / непреодност,  повратност (во алб.јазик).
јави pf. јавува impf. lajmëroj, njoftoj, bëj të ditur.
dasmój непреод. прави свадба; има свадба.
Повратноста кај глаголите или употребата на зборот и во друга зборовна група се означува со римски број (I, II…). бања impf. I laj (dikë). II се бања lahem.
vocërrák, –e I прид. малецкав, малецок; малечкав, малечок: vajzë vocërrake малецкава девојка. II и како им. kishte dy vocërrakë имаше две малецки.
Се даваат различни кратенки за јазичното ниво и за термините.
база sh. бази f. 1. bazë, themel. 2. kim. bazë: растворлива база bazë e tretshme. 3. vend strehimi i përkohshëm.
këmísh/ë, –a ж. мн. -ë, -ët 1. кошула: këmishë burrash/grash машка/женска кошула. 2. анат. кошулка.
Македонските и албанските глаголи како заглавни зборови се дадени според правилата на лексикографијата: македонските – во 3 лице еднина сег. време, а албанските – во 1 лице еднина, сегашно време. чисти impf. I pastroj (shtëpinë, këpucët, rrobat etj). II се чисти pastrohem.
gjelbërój непреод. озелени/озеленува.
Заглавните зборови што се хомоними (зборови со иста форма, а различно значење), се обележани со бројче во горниот агол по зборот.
коса1 sh. коси f. flokë црна коса flokë të zinj.
коса2 sh. коси f. kosë.
do1 зам. дијал. некои: erdhën do njerëz të panjohur дојдоа некои непознати луѓе.
do2 чест. (за искажување идност) ќе: nesër do t`i shpallin rezultatet e testit утре ќе ги истакнат резултатите од тестот.
Различните значења на заглавниот збор се обележани со арапски броеви. боцка sh. боцки f. 1. gjemb. 2. ferrë. 3. thumb.
eremít. -i м.мн. ë, t 1. вер. калуѓер. 2. прен. испосник; осамен човек.
За одделни заглавни зборови се даваат изрази или поговорки кои се обележани со ѕвездичка. лош, -а, mb. 1. i keq: лоша болест sëmundje e keqe (e rëndë). 2. i lig. 3. i gabuar: *тргна по лош пат mori rru­gë të gabuar (të keqe).
vónë прил. доцна: e hanë darkën vonë доцна вечераат; *më mirë vonë se kurrë подобро доцна, отколку никогаш.